Народна банка распиша конкурс за идејно и ликовно-графичко решение за изгледот на книжните апоени од 200 и 2000 денари. Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Централната банка идеите треба да претставуваат современ и оригинален ликовно-графички израз којшто ќе содржи знаци или симболи на државноста на РМ и во себе да вклучуваат елементи од историското, културното, уметничкото и/или природното богатство на земјава, одразувајќи ги на автентичен начин белезите на минатите или сегашните техничко-технолошки, научни, културни, архитектонски или уметнички достигнувања и придобивки коишто се автохтоно обележје на македонското демократско и мултикултурно општество. Ликовно-графичките решенија за двата апоена треба да се вклопат тематски и естетски во постоечкото издание на книжните пари во оптек во РМ, образувајќи конститутивен елемент од една концептуално хомогена целина. НБРМ нуди и награда за првите три најдобри идеи: за прворангираната идеја наградата изнесува 240 000 денари, за втората 200 000 денари и за третата 160 000 денари. Новите пари ќе бидат пуштени во употреба за две години.
Народна банка распиша конкурс за идејно и ликовно-графичко решение за изгледот на книжните апоени од 200 и 2000 денари.
Според конкурсот кој е објавен на веб страницата на Централната банка идеите треба да претставуваат современ и оригинален ликовно-графички израз којшто ќе содржи знаци или симболи на државноста на РМ и во себе да вклучуваат елементи од историското, културното, уметничкото и/или природното богатство на земјава, одразувајќи ги на автентичен начин белезите на минатите или сегашните техничко-технолошки, научни, културни, архитектонски или уметнички достигнувања и придобивки коишто се автохтоно обележје на македонското демократско и мултикултурно општество. Ликовно-графичките решенија за двата апоена треба да се вклопат тематски и естетски во постоечкото издание на книжните пари во оптек во РМ, образувајќи конститутивен елемент од една концептуално хомогена целина.
НБРМ нуди и награда за првите три најдобри идеи: за прворангираната идеја наградата изнесува 240 000 денари, за втората 200 000 денари и за третата 160 000 денари. Новите пари ќе бидат пуштени во употреба за две години.